Роби Вилијамс пееше на свадба на ќерка на руски нафтен магнат

Неделава рускиот нафтен магнат Рашид Сардаров за луксузната свадба на својата ќерка, која се одржа во прашкиот замок Жофин потроши 10 милиони евра, пишуваат чешките медиуми.

Дваесет и петгодишната наследничка на контроверзниот руски бизнисмен се омажи за својот избраник Антон Антонов со кого беше свршена повеќе од две години.

Инаку, пред само неколку недели, Бијонсе, Џенифер Лопез и Елтон Џон настапуваа на свадбата на синот на рускиот милијардер Михаил Гуцерјев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e