Разводот помеѓу Џоли и Пит го “сруши” интернетот

Вчера бевме шокирани од веста дека Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат по дванаесет години заедно од кои во брак деа две години.

Се огласи и Џенифер Анистон, чија реакција со нетрпение се чекаше.

“Да, тоа е карма”, вели Анистон, пренесува US Weekly.

Извор близок на актерката изјавил дека “на некој начин таа се чувствува задоволно”, поради овој развод.

Џени сега е во брак со актерот и режисер Џастин Тероукс, а неколку пати во медиумите има изјавено дека разводот од Бред Пит и паднал многу тешко и дека посетувала психолог.

Иако ова е многу тажна вест за парот Бранџелина, особено за нивните деца, на интернет излегоа многу “гифови” со Анистон.

На Твитер почнаа да се појавуваат фотографии од среќната и секси Џенифер Анистон. Актерката беше во брак со Бред Пит 2000-2005. Без оглед на тоа дека Џенифер е среќно омажена со Џастин Тероукс, во очите на јавноста таа секогаш ќе остане како личност која Бред ја изневери со Енџи.

Така да не е чудно што на интернет таа стана хит кога се слушна веста за разводот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e