Приказната се менува, Анџелина Џоли била проблематичната

Ијан Халперин, фрли ново светло на односот помеѓу Бред Пит и Андџелина Џоли, во книгата „Бранџелина, нераскажана приказна“, во која, помеѓу другото, тврди дека до развод дошло затоа што актерката сакала да има „послободен брак“ со таткото на нејзините деца.

Писателот тврди дека Анџелина сакала со децата да се отсели во Велика Британија, каде што би работела и понатаму на хуманитарните проекти за деца, и попатно би градела сериозна политичка кариера, додека за Бред планирала да остане во Лос Анџелес. На тој начин би го одржале позитивниот имиџ во јавноста, но во реалноста, Анџелина сакала да има отворен брак, тврди писателот.

 Меѓутоа, оваа идеја не му се допаднала на Бред, и токму желбата на Анџелина да биде со други мажи пресудно влијаела нивниот брак да се распадне.

Она што Халперин исто така го открива е дека Бред и Анџелина биле неверни еден кон друг, но дека досега разводот не бил опција, бидејќи Бред никогаш не сакал да го напушти семејството.

Исто така, во книгата е наведено и дека Анџелина била насилна, и дека Бред поради нејзиниот бес неретко „се заклучувал во собата додека таа би тропала на вратата и врескала да излезе“.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e