Претставување на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал во Скопје

Денес (14 март 2018 година) започнуваат голем број иновативни културни активности во Скопје инспирирани од практиките на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал.

Во рамки на настанот се предвидени голем број активности кои се ретко прикажувани во Македонија како театарски перформанси, работилници и предавања за практиките на ангажираниот и социјален театар особено преку примерот на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал.

– Предавање на проф. Зоја Бузалковска „Практиките на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал“ (14 март во 18:00 часот);

– Предавање на проф. Рита Мариа Фабрис, гостин од Универзитетот во Торино насловено „Social Community Theatre and Dance: the Turin avant-garde experience“ кое ќе се одржи на англиски јазик (17 март во 19:30 часот);

– Форум театар по практиките на „Театарот на угнетените“ на Аугусто Боал (18 март во 18:00 часот) во „Кино Култура“.

Програмата предвидува исто така работилници за актери и јавни перформанси кои ќе се одвиваат од 14 до 18 март во Скопје.

Настаните се одржуваат во рамки на проектот „Caravan Next“ и се организирани од страна на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, заедно со Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива Скопје.

Официјалниот настан на „Фејсбук“ ќе го пронајдете овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e