Португалија победи на Евровизија

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на Евровизија, европската мрежа на национални радиодифузери,  кој се одржа во Киев, Украина.

Со 758 поени 27 годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја и ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, но досега никогаш го нема освоено ова музичко натпреварување.

За време на својот настап младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра.
Во финалето се натпреваруваа 26 земји – меѓу нив не беше Македонија, но беа соседните земји Грција и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e