(ВИДЕО) Погледнете го трејлерот за новата македонска сит –ком ТВ серија „Преспав“

ТВ серијата „Преспав“ е „ сит-ком“, со информативен и едукативен карактер, која наскоро ќе ги забавува гледачите на малите екрани. Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови.

Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e