Почина Gorden Kaye, Rene од серијата “‘Allo, ‘Allo”

Британските медиуми објавија дека во текот на вчерашниот ден починал седумдесет и пет годишниот актер Gorden Kaye.
Ѕвездата на една од омилените британски серии ” Allo ‘Allo! “, Gorden го играше главниот лик на Рене Артоис во 84 епизоди. Серијата се емитуваше во периодот од 1982 до 1992 година, а потоа и репризирана неколку пати.

Покрај тоа, истата улога тој ја повтори во повеќе од 1.200 театарски претстави врз основа на серијата, а се појави и во новата епизода во 2007 година, кога се собра целиот тим од серијата.

На почетокот од неговата кариера тој се појави како роднина Elsie Tanner во „Coronation Street“ (1969), а исто така, имаше мали улоги во „It Ain’t Half Hot Man“ и „Come Back Mrs Noah“.

Во јануари 1990 година, преживеа страшна сообраќајна несреќа во која претрпе голема повреда на главата. Иако тој не се сеќава на самата несреќа, заработи лузна на челото која му остана до крајот на животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e