Петар Грашо се повлекува од музиката

Хрватскиот поп пејач Петар Грашо повторно размислува да се повлече од музиката.

– Сигурно повторно ќе има пауза. Моментно работам на албумот, заедно со Тончи (Хуљиќ) и мојата екипа. Ќе го направиме овој, четврти албум, да биде еден запис, а потоа ќе размислиме малку за повлекување. Не можам јас тоа. Премногу е, рече поп ѕвездата за Ер-Те-Ел, со што одново ги растажи своите обожаватели кои шест години чекаа на неговото враќање на естрадата.

По враќањето, Грашо ги освои сите топ листи и ги распродаде сите закажани концерти, што не се поклопува со неговите навестувања.

– Јас сакам да работам. Тоа што го сработив за две години, некои не го можат ни за 10, но не се работи за тоа. Работата е во тоа што никогаш не сум сакал здодевни луѓе, па не сакам ни јас да им здодеам на луѓето. Не сакам да бидам секојдневна појава, образложи Грашо.

– Не сакам да се појавувам на секој плакат, да ме има на секоја можна радиостаница. Чинам,  затоа е добро да има некоја пауза. Тоа нема да биде наскоро, но ќе биде, најави тој.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e