Пејачката со право го криела првиот брак: Сопругот на Лепа Лукиќ и се заканувал со убиство

Лепа Лукиќ пред бракот со естрадниот менаџер Владо Перовиќ била мажена за сега покојниот Томи Лукиќ, со кого преживеала вистински пекол.
Можеби мачниот живот поминат со него е причината поради што пејачката никогаш јавно не прозборела. Иако со Томи поминала тешки моменти, па дури и животот и би загрозен, таа го задржала неговото презиме, кое и денеска го носи.

Ја навлекол на коцка

Како што српски Курир дознава, првиот сопруг на Лепа бил љубоморен, поради што пејачката неколку пати добила закани по нејзиниот живот и седум години не и давал развод. Тој и неа ја навлекол на коцка, порок од кои и денеска пати. Најдобрата пријателка на Лепа , Надица која ја чува куќата додека пејачката е во „парови“ за српски Курир открива низ какви маки Лепа минувала во бракот со Томи.

– Беше болно љубоморен. Толку ја сакаше што не умееше да се контролира. Му сметаше нејзината работа и бараше да ја остави. Таа не сакаше да се откаже од кариерата бидејќи тогаш почнала да и се развива славата. Томи многу ја сакаше и не можеше да се воздржи. Ја селдеше и се закануваше дека ќе ја убие, не знаеше што збори.

Таа многу се плашеше, а на крајот, кога ќе му поминеше знаеше да каже „Зар мислиш ли дека би те убил?“Тоа можеби го зборуваше во афект. Седум години сето тоа го трпеше, а тој не и даваше развод. Не можеше да сфати дека повеќе не можат да бидат заедно. Вистински пекол, раскажа Надица и додава дека Лепа се му простила на поранешниот сопруг пред неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e