Партнерот на Џорџ Мајкл негира за напишаните твитови

Што навистина се случило?
Партнерот на починатиот пејач Џорџ Мајкл негираше дека објавил серија на твитови на неговиот профил, тврдејќи дека британскиот музичар извршил самоубиство на Божик.

Fadi Fawaz изјави дека твитер профилот му е пробиен а потоа целосно изгаснат.

“Шокиран сум од целата оваа Твитер ситуација”, рече тој. “Мојот профил на Твитер беше хакиран и затворен.”

Во твитови кои се појавија завчера (1 јануари), тој рече дека Џорџ Мајкл конечно “успеа” да се убие откако се обидел неколку пати пред тоа.

Во врска со овие твитови, Fawez изјави: “Тоа е малку застрашувачки, да бидам искрен. Јас не ги објавив овие твитови “.

Исто така, рече дека се разбудил во 11:30 кога и дознал за веста. “Нема да се грижам за тие работи”, заклучува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e