Откриено: Мадона имала тајна романса со познат рапер

Кралицата на поп музиката, како што ја нарекуваат, две години чувала во тајност дека се гледала со 27 години помлад рапер. И двајцата биле тогаш слободни, а хемија меѓу нив била пресилна.

Пред две години, Мадона на сцена на светски познатиот фестивал Coachella изненади и го бакна младиот рапер Дрејк.
И покрај тоа што тогаш тврдеше дека сето тоа е заради шоу, сега се појавија тврдења дека двојката во истата година имала тајна љубовна врска. Очигледно само на Дрејк не му се допадна тоа што тој тогаш доби страствен бакнеж од 56-годишнита Мадона . Па тогаш ставил крај на оваа афера.
“Аферата беше пред тој бакнеж. И двајцата биле слободни во тоа време. Тие едноставно не можеа да одолеат еден со друг. Хемијата меѓу нив беше премногу силна”, тврди сега извор за американските медиуми, додавајќи дека Дрејк, сега 30 години, има еден вид на фетиш за постарите жени, тоа е доказ за моменталната врска со Џенифер Лопез.

15535140_139871946503243_859859251592429568_n

“Тие знаеја дека оваа врска нема иднина и одлучија никогаш да не зборуваат за неа. Особено сега, кога тој е среќно заљубен “, објаснува изворот. Но, ништо не може да остане тајна засекогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e