Објавен полицискиот исказ на Ким Кардашијан!

Францускиот весник “Le Journal du Dimanche” го објави исказот во полиција на Ким Кардашијан по повод нејзиното ограбување во хотелска соба во Париз на 3-ти Октомври, а деталите ќе ве наежат!

Документот долг шест страници детално го опишува грабежот во кој Ким раскажува што се случило откако двајца ограбувачи маскирани во полицајци влегле во нејзиниот апартман: “Вперија оружје во мене. Го земаа прстенот. Носеа ракавици. Ме прашаа каде се парите и накитот. Ме грабнаа и ме однесоа во претсобјето. Носев само бањарка, а одоздола бев гола. Ме однесоа во спалната и ме фрлија на креветот. Тогаш ми ги врзаа рацете со пластична врвка и со леплива лента, а потоа со истата лента ми ги врзаа нозете и ми ја затнаа устата. Потоа ме однесоа во бањата, да бидам попрецизна, во кадата.”

Ким во извештајот додала дека помеѓу украдените работи имало две дијамантски бразлетни, ланче со привезок крст изработено од злато и дијаманти, сет од дијамантски ѓердан и обетки, златен Ролекс часовник, и дијамантско ланче со името на нејзиниот син Сент Вест. Вкупната пријавена вредност на украдениот накит изнесувала 5 милиони долари.

Со оглед на тоа дека 4 лица се веќе уапсени под сомнение дека го организирале грабежот, очекуваме наскоро разврска на случајот. 🙂

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e