Нови детали околу разводот на Џенет Џексон

ПО Мел Б уште еден развод, полека но сигурно го окупира вниманието на медиумите. Само три месеци откако се породи, Џенет ги изненади своите обожаватели со одлуката да се разведе. Се чини дека таа навистина сакала да стави крај на бракот, со оглед дека дури и доаѓањето на бебето не влијае врз нејзината одлука.

Кога се слушна какви правила и вовел сопругот, никој не би и замерил. Освен тоа што и наметнал строги правила за раснење на нивниот син, милијардерот Висам Ал Мана на пејачката и ја ограничил и личната слобода, пренесува Daily Mail.

На Џенет не и било дозволено да го напушти домот во Лондон се додека е во период на доење. Ова правило не и падна тешко на пејачката, бидејќи таа не сака да се раздели од синот, но останатите шест правила воопшто не сакаше да ги прифати.

Нејзиниот сопруг, на пример, и забрани да носи тесна облека и да се спомнува зборот секс во нејзините песни.
Иако се чинеше дека по двата разводи пејачка конечно ја најде среќата, не сакаше да ја плати со откажување од неколку работи, и одлучи да го напушти својот посесивен маж.

Можеби сепак во прашање е големата различитост на нивните култури со оглед на тоа што сопругот на Џенет е муслиман, а правилата кои ги има изнесено пред неа се во склад со неговата вера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e