Новак поднесува тужба

Новак Ѓоковиќ поднесува тужба против магазинот што ја пренесе веста за неговото наводно неверство.

Откако веќе неколку дена сите светски медиуми ја пренесоа веста за разводот на Јелена и Новак Ѓоковиќ кои ги објави „Газета дело спорт“, србинот изјави дека таквите тврдења се невистинити.

Со овој демант пропаднаа во вода гласините дека тој ја изневерувал Јелена.

-Тенисерот Ѓоковиќ одлучи да поднесе тужба против овој медиум кој прв ги објави овие информации, а многу е чудно како се ова се случи баш пред УС Опен, кога Ноле треба да се фокусира на своите победи, изјави близок пријател на семејството Ѓоковиќ.

Да потсетиме Јелена и Ѓоковиќ се 11 години заедно од кои 2 се во брак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e