Мајката на Захара ја моли Анџелина: Дозволи ми само да и го слушнам гласот

Само сакам Захара да знае дека сум жива и дека сакам да зборувам со неа. Јас не ја сакам назад, но сакам да бидам во контакт со неа, сакам да можам да и се јавам, вели Етиопјанката Mentewab Dawit Lebiso (31) која смета дека Анџелина е одлична мајка.

– Џоли е со неа откако таа беше бебе, но тоа не значи дека ми недостига. Размислувам за Захара секој ден, сакам да и го чујам гласот и да го видам нејзиното лице. Знам кога и е роденденот и ме растажува фактот дека не можам да го прославам со неа – рекла Lebiso.

Мајката на Захара преку јавен апел ја моли Анџелина Џоли (41) да и дозволи контакт со нејзината ќерка.

– Не барам многу. Иако Бред и Анџелина се разделија, знам дека размислуваат многу за нивните деца, па не се грижам за Захара – вели Етиопјанката.

Mentewab, Захара (12) ја даде на посвојување во 2005 година, девојката ја родила откако била брутално силувана од непознат маж и немала пари за абортус.

Во тешка финансиска ситуација, уплашената Mentewab ја оставила четиримесечната Захара и побегнала. Етиопјанката сето ова го откри во своето прво интервју за медиумите во 2007 година. Mail Online тогаш напиша дека од агенцијата за посвојување и рекле на Анџелина дека биолошката мајка на Захара починала од СИДА.

Анџелина  моментално во судот се бори со својот поранешен сопруг, Бред Пит, за старателството на нивните шест деца. Во текот на судската постапка, Бред може да се види со децата само под надзор на социјални работници.

Cki2lDtWYAAg8Zk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e