“Летечки пекинезери“ ќе го отворат концертот на Артуро Сандовал

Популарниот скопски џез-состав „Летечки пекинезери“ ќе ја загрее публиката за настапот на големиот џез-трубач Артуро Сандовал на „Охридско лето“, в сабота, 6-ти август, во Античкиот театар во Охрид.

Препознатливи по својот стил, главно под влијание на свинг-музиката од 30-тите и 40-тите, Иво Солдатовиќ (кларинет), Петар Христов (тенор саксофон), Бојан Петков (гитара), Кирил Туфекчиевски (бас) и Славчо Коцев (тапани) се наметаа како еден од највозбудливите џез-состави на домашната музичка сцена.

Со два албуми зад себе, „Летечки пекинезери“ (2011) и „Dog Show“ (2014), обата издадени за „СФЈ рекордс“, како и со својот динамичен изведувачки пристап, овој шармантен млад квинтет експресно ја освои публиката. Низ своето десетгодишно постоење често настапуваат во Македонија, но и надвор, придобивајќи сè поголем број млади џез-следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e