Лекарите со предупредување до Ким Кардашијан: “Би можела да искрвари до смрт”

Ким Кардашијан нашироко размислува за трето дете, и како што најави, ја разгледува можноста за сурогат мајчинство со оглед на тоа дека нејзините предходни две бремености беа со висок ризик.

Во неделната епизода “Keeping Up With the Kardashians“, Ким изјави дека е подготвена да го прошири своето семејство и со менаџерката Крис Џенер посетил лекар за да ги знае сите ризици.

“Никогаш не знаеш дали ќе го имаш истиот проблем што може да биде посериозен овојпат”, предупреди д-р Крејн и продолжи: “Секогаш постои мал ризик. Има ситуации каде со задржување на плацентата може да значи живот или смрт. Може да искрвари до смрт. ”

Ким го посети и специјалистот за плодност, д-р Вонг кој и предложи да ја разгледа можноста за сурогатство бидејки третата бременост може да биде со висок ризик.

“Тоа не е неразумна опција”, и објасни на Ким и на нејзината мајка “, ако вашата цел е да се прошири семејството, тогаш сурогатството има смисла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e