Кристијано Роналдо чека близнаци

Еден од најпознатите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, ќе го прошири своето семејство за уште два члена, односно машки близначиња, што ќе ги роди сурогат мајка, пишува „Дејли Меил“.

Кристијано (32) неодамна на светот му ја претстави и својата нова девојка – Георгина Родригез (23), со која живеат во неговата куќа „тешка“ 5 милиони фунти.

Но, името на мајката се чува во тајност, ни семејството не знае како се вика. Гласините говорат дека таа од фудбалерот веќе добила 10 милиони фунти за да остане во тајност.

Роналдо посебно го радува тоа што неговиот прв син Кристијано Џуниор ќе има со кого да расне.

Пред неговата сегашна девојка Георгина, Кристијано беше во врска со рускиот топ модел Ирина Шајек, која моментно исто така чека дете со својот вереник, глумецот Бредли Купер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e