Ќе живее во куќа од 16 милиони евра – Емина Јаховиќ после разводот останува во Истанбул

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведуваат после 10 години брак. Како што пренесуваат медиумите, таа после разводот ќе остане во Истанбул и ќе живее во новата куќа, која ја подготвувале за заедничко живеење, но сега таа таму ќе биде сама со двата сина.

-Емина и Мустафа градеа вила во која планираа да се вселат по завршување на работите, но постигнаа договор Мустафа да остане во заедничкиот стан, додека Емина ќе помине во новата куќа – рекол извор упатен во ситуацијата.

Во прашање е куќа која наводно вреди дури 16 милиони евра.

-Тоа е една од најпознатите куќи на познатите. Покрај целиот луксуз, куќата има преубав поглед на градот. Покрај тоа и остави и музичко студио вредно 4 милиои евра, за кое Емина е врзана, со оглед на тоа дека во него поминувала многу време – рекол изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e