Ким Кардашијан се врати на стариот живот!

Велат дека волкот може да го смени крзното, но никогаш карактерот, а оваа изрека сосема одговара на ситуацијата со најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан.

По грабежот кој ѝ се случи во Париз пред три месеци, Ким сосема се повлече од јавноста и од социјалните мрежи, и изјави дека овој немил настан бил пресуден да сфати дека треба малку да се смири и да го промени начинот на гледање на работите, како и да престане да се фали со луксузниот живот.

Судејќи по нејзините нови фотографии објавени на Инстаграм, Ким не издржа долго. Искрено, тоа и го очекувавме. Старлетата неодамна се пофали со луксузното патување во Дубаи и раскошот кој таму го доживеала:

Добредојде назад, стара Ким!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e