Кејти Пери и Орландо Блум ја раскинаа врската

Поп ѕвездата Кејти Пери и актерот Орландо Блум ја раскинаа едногодишната врска, ја потврдил информацијата за „Us Weekly“, портпаролот на славната двојка.

„Пре да започнат да кружат лажни вести кои можат да излезат од контрола, објавуваме дека Орландо и Кејти повеќе не се заедно“, рекол портпаролот.

Инаку, двојката последен пат беше видена заедно пред два дена на забавата по доделувањето на Оскарите, а како што пренесува „Us Weekly“, според нивното однесување ништо не укажувало дека имаат проблеми во врската.

Актерот Орландо Блум (40) и поп ѕвездата Кејти Пери (32) врската ја започнаа пред една година, а истата ја обележаа скандалозните фотографии од заедничкото летување во Италија.

Двајцата имаат зад себе по еден брак, Орландо Блум со австралиската манекенка Миранда Кер, со која има шестгодишен син, додека Кејти Пери била мажена за комичарот Расел Бренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e