(Фото) Почина едномесечна ќерка на познат музичар

Познатиот музичар Wisin со своите обожаватели ја сподели трагичната вест за смртта на неговата ќерка Викторија. Девојчето почина по само еден месец од како се роди.

“Господ дава, Господ зема. Ти благодарам Боже за еден месец од нејзиниот живот. Принцезо, ќе се видиме повторно на небото, чувствувам неопислива болка. Сакам да се заблагодарам на милионите луѓе од целиот свет кои се молеа за моето семејство и Викторија. Мојата принцеза почина “, напиша пејачот на социјалните мрежи.

wisin

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Девојчето страдаше од многу ретка генетска болест, која беше дијагностицирана во петтиот месец од бременоста. Парот и покрај препораката на лекарите и ризикот, одлучи да ја одржи бременоста. Wisin и неговата сопруга имаат две деца, син и ќерка Дилан и Елена. Wisin е познат по хитовите, кои ги направи во соработка со Џенифер Лопез и Енрике Иглесиас.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e