Филмот „Граници“ на средношколци од Гевгелија освои две награди на фестивал во Њујорк

Филмот „Граници“ што го снимија шестмина средношколци од гимназијата во Гевгелија под менторство на професорот Тони Аврамов, освои две награди на Интернационалниот видео фестивал „Плурал плус“ во Њујорк.

Во категоријата на младинци од 13 до 17 години, филмот во конкуренција на 400 филма влегол меѓу 30 најдобри и ја добил наградата „Плурал + Балкан“ и наградата на меѓународната мрежа „Скалабрини“.

Филмот обработува тема од бегалската криза и ситуацијата на децата во услови на мигрирање и за потребите на фестивалот беше работен на англиски јазик.

Гевгелија лани беше обременета со проблеми и наплив од бегалци. Постојано бевме сведоци на немили настани, а во такви ситуации не беа поштедени и децата-бегалци. Како екипа која го работеше филмот бевме со мислата дека децата не се виновни за состојбите што ги создаваат возрасните, па сакајќи да покажеме барем дел од она што се случува со нив направивме неколку едноставни снимки и ги претворивме во филм. Не сакавме да бараме нешто посебно, туку нешто секојдневно што е пред нашите очи, рече професорот Тони Аврамов.

Екипата од Гевгелија што го работеше наградениот филм „Граници“ добила право идната година да учествува на меѓународен проект кој ги подржува напорите на креативните млади луѓе и диструбуцијата на нивните видеа од целиот свет. Проектот е заедничка иницијатива на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации и Меѓународната организација за миграции.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e