Џорџ Мајкл погребан денеска – три месеци од смртта

Семејството на починатиот поп пејач по цели три месеци од смртта, конечно денеска со мала приватна церемонија го погреба Џорџ Мајкл. Тој почина на 25 декември 2016 година.

На погребот биле присутни само семејството и најблиските пријатели кои со соопштение се заблагодарија на фановите за пораките на љубов и поддршка.

„Може да потврдиме дека погребот на пејачот Џорџ Мајкл беше одржан денеска. Семејството и блиските пријатели се собраа на мала приватна церемонија за да се простат од саканиот син, брат и пријател. Семејството на Џорџ Мајкл сака да им се заблагодари на фановите од целиот свет за многубројните пораки на љубов и поддршка. Ве молиме за разбирање и почитување на нашата приватност“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e