Џон Вик повторно ќе ги уништи сите кои ќе му се испречат на патот

Со најдобриот платен убиец на светот нема шега. Кој и да му се испречи на патот на Џон Вик, нема добро да си помине. А, како што видовме во хитот од 2014 година, тоа навистина не се само празни приказни.

Легендарниот платен убиец Џон Вик (кој повторно го глуми Кијану Ривс), повторно е принуден да го прекине своето уживање во пензија. Поранешен соработник, со лоши намери, ќе го натериа Вик да се судри со други меѓународни платени убијци, а се` со цел да добие контрола над таа организација.

Обврзан од заклетвата која ја дал, Џон ја прифаќа последната работа и патува во Рим каде што ќе се соочи со најсмртоносните убијци во светот.

Во продолжението на овој филм освен Кијану се појавува и Лоренс Фишбурн, а од првиот дел се враќа Бриџит Мојнахан, како и Џон Легуизамо и Ијан Мекшејн. Нови актери во филмот ‘John Wick: Chapter Two’, меѓу другите, се и Руби Роуз и Питер Стормер, а ќе им се приклучи и Рикардо Скамарчио, Томас Садоски и Ленс Редик. А, за приказната да не биде толку мрачна, Вик набавил ново куче кое можеби ќе го доживее и крајот на филмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e