Џофри има добра теза како ќе заврши „Игра на престолите“

Масовно омразениот крал Џофри, односно Џек Глисон, има прилично држечка теорија за тоа како би можела да заврши „Игра на престолите“, која ја откри за време на панелот Њујорк стрип-кон. 

Глисон почна нагласувајќи една важна информација: „Ова не е спојлер, затоа што јас немам појма за ништо во однос на серијата и буквално не знам ништо од тоа што ќе се случува“.

Значи, не се вадете од памет, не гасете компјутер и не затворајте очи. Ова не е ни теорија на самиот Џофри, туку ја слушнал од некој друг.

(Еден обожавател) ми кажа една теза…, ѝ рече Џофри на публиката на Комик-кон, „…дека некој ќе го стопи железниот престол затоа што тој содржи валириски челик, со кој се убиваат Белите одачи. Мислам дека ова е кул идеја. Монархијата буквално ќе се растопи.

Прво, како што посочува Глисон, ова звучи доста метафорично („монархијата буквално ќе се растопи“). Значи, без разлика за кого навивате во серијата, дури и за најправедните владетели (Калиси или Џон Сноу), тој/таа на моменти мора да примени суровост и дивјаштво за да ја задржи својата позиција на моќ. Проблемот не мора да е во самите ликови и во тоа колку тие се добри или лоши, туку во самиот систем: во монархијата една личност ја има сета моќ, а тешко е да владееш праведно кога луѓето секогаш се обидуваат да ти забијат нож во грб во моменти на слабост.

Друга поента во оваа теорија е тоа што таа се занимава со проблемот со Белите одачи, кој допрва треба да се реши. Како што знаат обожавателите, Белите одачи може да се победат само со валириски челик (и да, со змаево стакло). Ова е малку незгодно, бидејќи во светот се останати само мал број мачеви направени од валириски челик. Така гледано, топењето на престолот би било моќно решение за проблемот со Белите одачи.

Тоа, исто така, би им дало на лидерите во универзумот на „Игра на престолите“ доволно голема мотивација за да направат огромни социјални промени што ќе ѝ стават крај на монархијата. Само спасувањето на светот ваков каков што го знаат би било доволна причина за лидерите посветени на сегашниот систем, како што се, да речеме, Денерис Стормборн или Серсеи Ланистер, да го соборат она што го знаат.

Според Глисон, ова е само теорија. Но ова е досега една од најубедливите теории што ние сме ги чуле за иднината на серијата.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e