Џенет Џексон стана мајка, на 50 години роди син

Ѕвездата на свои 50 години го роди првото дете! Џенет и нејзиниот сопруг, Висам Ал Мана ја започнаа 2017 година на најдобар начин! Нивниот син, Еиса Ал Мана дојде на свет на почетокот од јануари! “Се ‘беше во ред и без стрес, а Џенет сега се одмора”, изјави портпаролот на Џенет во кусата изјава.

Гордите родители се уште немаат објавено никакви фотографии од детето. Висам и Џенет се венчаа во 2012 година. Пејачката минатата година ги изненади своите фанови со веста дека е бремена, одложувајки ја повратничката турнеја “Unbreakable World Tour“. Иако со месеци се шпекулираше дека е бремена, таа ја потврди веста во октомври со вистинска трудничка фотографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ