Џеј Ло ја понижи Мараја Кери

Некои меѓусебни недоразбирања никогаш не умираат. Настапот на Мараја Кери, како дел од дочекот на Нова Година, најверојатно уште долго време ќе биде актуелен, а какви ќе бидат последиците по нејзината кариера, сеуште не е познато.

Да потсетиме, проблемот се должи на технички проблеми кои покажаа дека Мараја на настанот на новогодишната ноќ пееше на плејбек. Нејзиното незадоволство и незаинтересираност да ја поправи ситуацијата беа уште полоши за гледање.

Се разбира, интернетот експлодираше со непријатни коментари и критики за нејзината изведба, а сол на раната стави колешката на Мараја, Џенифер Лопез. Онаа за која ден-денес Мараја тврди дека не ја познава.

Како вештото око на интернет ништо не пропушта, некој забележал дека Џеј Ло лајкнала еден коментар на Инстаграм.

“Дали некогаш сте виделе несреќа од која не може да ги отргнете вашите очи? Тоа беше нејзината вечерва “, стои коментар на слика од Мараја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ