Челси Хендлер: Бред, ти се ожени со луда жена!

Комичарката која е позната по дрскоста и вулгарноста во настапите, во своето шоу кажа многу навреди на сметка на Анџелина Џоли.

Ако Бред почнал да пие тоа е поради неа – вели Челси Хендлер во своето шоу.

– Има шпекулации дека дел од проблемот било тоа што Бред наводно пиел и пушел премногу марихуана. Се прашувам зошто му требало да се самолекува? Можеби бидејќи можеше последните 12 години да ги помине на езерото Комо во дружење со Џорџ Клуни и Мет Дејмон, наместо да се заглави во куќа со 85 деца кои зборуваат 15 различни јазици. О да, или затоа што се ожени со луда жена, ете зошто – рече Челси.

Челси Хендлер е добра пријателка со Џенифер Анистон (поранешната сопруга на Бред Пит) и беше на нејзината свадба со Џастин Терока минатата година – пишува Дејли мејл.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e