Синоќа, околу 23 часот, автобус удрил во куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Повредените веднаш се згрижени, а причинета е поголема материјална штета.
Возачот најверојатно поради лошите временски услови изгубил контрола над возилото во стрмната улица. Се обидел да го запре автобусот, но не успеал во тоа и удрил во куќата на Цеца шри што се урнал еден столб.
Пејачката и нејзините деца во тој момент слушнале громогласен удар и истрчале да им помогнат, пренесува Блиц.
Повикале полиција и Итна помош која констатирала полесни телесни повредеи кај двајца патници.
За среќа избегната е поголема трагедија, иако местото на несреќата изгледа страотно – стакло има на секаде, открорнати се две дрва и бандера.
Со брза реакција на полицијата, сето тоа е санирано.