Бред Пит си најде занимација за да го преболи разводот

Холивудскиот актер Бред Пит по разводот со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли реши да се посвети на себе и изнаоѓа начини за проболување на новонастаната ситуација.

Како што објавија западните медиуми, Бред прво најмил професионален готвач кој ќе го подучува на готвење, а сега почнал да се занимава и со вајарство.

Според „Дејли Мејл“, Пит деновиве ги минува затворен во уметничко студио во неговиот дом во Лос Анџелес каде изработува склуптури по совети на британскиот уметник Томас Хаусаго.

Бред во студиото минува и по 15 часа во денот слушајќи тажни песни, наведува лондонскиот весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e