Бандата „Пинк Пантер“ ја ограбила Ким Кардашијан вперувајќи ѝ пиштол во глава?

Грабежот на Ким Кардашијан ги носи сите знаци на делата на „Пинк Пантер”, банда што стана позната по својата многубројни успешни грабежи низ целиот свет, пишува британски Дејли мејл.

Неколку мажи утрово вперувајќи ѝ пиштол ја опљачкале американската риалити-ѕвезда Ким Кардашијан во нејзината хотелска соба во Париз, одземајќи ѝ накит во вредност од повеќе милиони евра. Никој не бил повреден во инцидентот, објави Ројтерс.

Неименуван извор за агенцијата кажал дека грабежот се случил утрово околу 3 часот, но не навел во кој париски хотел.

Си-ен-ен претходно објави дека Кардашијан во нејзината соба ја опљачкале маскирани мажи, кои биле маскирани во полицајци.

Американската ТВ-ѕвезда, која во француската престолнина се наоѓа за да присуствува на Париската модна недела, „е мошне потресена, но не е повредена во инцидентот“, велат американските медиуми.

Бандата „Пинк Пантер“, чии членови претежно се лица од Србија и Црна Гора, досега украдоа над 320 милиони евра. Поголем дел грабежите ги извршија во Кан, Токио, Сингапур и Дубаи, а познато е дека многу ретко користат насилни методи.

Како и крадците во полициски униформи што синоќа ја ограбиле Кардашијан, и членовите на „Пинк Пантер“ при грабежите често носат костими, како голфери, туристи од Хаваи, работници и полицајци, вели британскиот весник.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e