Ариана Гранде: „Скршена сум. Жалам од дното на срцето. Немам зборови“

Американската поп ѕвезда Ариана Гранде, по чиј концерт експлодира бомба во арената Манчестер, на својот твитер профил напиша дека е „скршена и дека жали од дното на своето срце“, пренесуваат светските агенции.

„Скршена сум. Жалам од дното на срцето. Немам зборови“, напишала пејачката. Како што пренесува Индепендент, таа одлучила да ја прекине и светската турнеја. Порталот ТМЗ пренесува дека таа во вторник нема да настапи во Лондон, како што беше претходно најавено, а концертите во Белгија, Полска и Швајцарија се исто така одложени.

Досега е познато дека откако заврши концертот на Гранде во Манчестер арената, во салата полна со млади луѓе одекнала силна експлозија. Според последните извештаи, досега загинале 22 лица, а најмалку 59 се повредени.

Британската полиција случајот го третира како терористички напад на бомбаш самоубиец. Британската премиерка Тереза Меј ја прекина предизборната кампања и за вторник закажа итен состанок со специјалните антитерористички единици.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e