Адријана Лима повторно со спортист

Ангелот на Victoria’s Secret Адријана Лима има нова љубов.

Станува збор за 8 години помладиот бејзбол играч, 27-годишниот Мет Харви. Парот е фотографиран како на состанок страсно се бакнува во клубот „River Yacht Club“ во Мајами, каде за време на романтичната вечера си разменуваат нежности во релаксирана атмосфера. Лима се раздели од своето претходно момче Џулиен Еделман поради многуте професионални ангажмани и притисокот од врската на далечина, но се шпекулира дека причина биле разликите околу прашањето за заеднички деца. Славниот модел има две ќерки од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e