Зврлевски бара од Врховниот суд да му го укине притворот на Кочан

Јавното обвинителство на Република Македонија до Врховниот суд поднело барање на заштита на законитоста во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителеството на Зврлевски бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје 1 од 7.03.2017 година и на Апелациониот суд од 15.03.2017 година и предметот да го врати на повторно судење и одлучување“.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски за „Алсат М“ потврдил дека до нив пристигнало вакво барање од Јавното обвинителство.

Како основа за барање за заштита на законитоста за случајот на Сеад Кочан било наведено дека со донесените решенија на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд се сторени повреди на законот од кои една се однесува на решението донесено од Кривичниот совет во било наведено дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, односно било повредено суспензивното дејство на жалбата. Со преземање на дејствија за извршување на решението пред да стане правосилно од јавното обвинителство наведуваат дека Советот сторил повреда на членот 134 став 5 од Законот за кривична постапка (ЗКП), пренесува „А1он“.

Инаку, минатата недела новиот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, на негова покана, имаше оделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски – адвокат на Кочан.

Специјалното јавно обвинителство на крајот на февруари ја отвори истрагата под име „Труст“, во која три физички лица и фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“ се товарат дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

На Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на 9 март му одреди мерка притвор, која подоцна ја потврди и Апелацискиот суд. Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана меѓународна потерница.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e