Живот без пречки, тоалет за секого! Иницијатива за изградба на оспособени тоалети за хендикепирани лица

На 13-ти декември, од 18:00- 21:00 се организира  хуманитарен настан под мотото „Живот без пречки, тоалет за секого“, на кој ќе има повеќе говорници, како и дел од хендикепираните лица кои секојдневно се соочуват со бизарен, но огромен проблем. Лицата во инвалидска количка не може да се социјализираат и да излегуваат во угостителски објекти, а немаат ни оспособени тоалети по голем број институции, како и концертни сали и места на одржување на концерти и фестивали. Ова за нив преставува голема пречка во секојдневниот живот, иако во сите европски држави по пропис во секој локал и институција постои ваков тоалет. Преку настанот кој ќе се одржи на 13.12, решивме да покренеме иницијатива и да ја кренеме свеста- да поттикнеме што повеќе институции и угостителски објекти за изградба на вакви тоалети. Средствата се минимални, а исходот е максимален.

„Лицата во инвалидски колички поради ваква бизарна причина се спречени да се социјализираат и да се дружат. Се случува лице во количка, да седне на кафе или пијалок во центарот на Скопје, а во тоалет мора да оди до поголемите трговски центри, затоа што само таму има пристапност за инвалиди. Младите хендикепирани луѓе, не можат да излезат во диско, кафуле, на концерт, на дружба во парк само поради тоа што во 21 век се уште нема тоалети приспособени за инвалиди. Затоа и се прави оваа иницијатива- да се покрене свеста и кај надлежните,општините и власта“ велат организаторите.

По повод, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ресторанот „Александрија“ официјално влезе во мапата на светските трендови и е прв хорека објект во Македонија приспособен за лицата со попреченост-внимателно поставена рампа за влез, универзална архитектура и поставеност на влезна врата, како и специјално оспособен тоалет. За слепите лица пак, ќе бидат изработени и менија на Браево писмо.

Како место за одржување на настанот, го одбравме овој ресторан, „бидејќи од таму започнува се, а целта е што повеќе угостители и институции да го следат примерот на овој угостителски објект. Ќе ни биде навистина мило, доколку бидете гости на настанот и не поддржите во оваа идеја, која доколку стане масовна, ќе стави насмевки на лицата на голема група на луѓе кои секојдневно се соочуваат со овој за нив, најголем проблем.

13.12.2017 „Живот без пречки, тоалет за секого“

Почеток: 18:00- 21:00

Локација: Ресторан „Александрија“  ул. Есперанто Б1 населба Влае, Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e