Западен дипломат за „Политико“: Заев е најдобрата шанса што Македонија некогаш ја имала

Дури и по регионални стандарди, новиот македонски премиер Зоран Заев има извонредна листа на задачи пред себе“.

Вака американскиот политички портал „Политико“ го започнува текстот за новиот македонски премиер насловен како „Промена на стражарот на врвот на ‘катастрофалната’ балканска држава“, анализира “Либертас“.

„Како и останатите соседи, земјата од околу 2 милиони жители е меѓу најсиромашниоте во Европа, и страда од длабоко вкоренет организиран криминал, раширена корупција и слабо владеење на правото.

Заев, 42-годишен бизнисмен кој претходно немал висока фунцкија, се соочува со предизвици карактеристични за Македонија. Тоа подразбира преговори со Грција за името, што досега го блокираше патот до ЕУ и НАТО, несогласувањата со Бугарија околу прашања за историјата и јазикот, затегнати релации меѓу двете најголеми етнички заедници како и и јавна администација преполна со вработени лојални на претходната влада“.

„Политичарите во минатото покажаа дека го злоупотребуваат системот“, рече Заев за „Политико“ во неговата канцеларија во главниот град, Скопје, седејќи пред слика со пасторална тема и четири девици на фонтана за вода – остаток од неокласично преобликување на зградата од страна на неговите претходници.

„Се надевам дека ќе го организираме општеството поинаку, со повеќе демократија, поголема слобода и повеќе правда“.

На Заев, кој поминал три мандати како градоначалник на источниот град Струмица, ќе му треба многу повеќе од надеж за да напредува. Но, досега покажа значителна упорност за да дојде толку далеку. Тој дојде на власт по долготрајната политичка криза која кулминираше во април кога приврзаници на старата националистичка влада упаднаа во парламентот и ги нападнаа пратениците, меѓу кои и Заев, кој беше ранет во главата.

Заев вели дека е подготвен да направи отстапки ако Атина е подготвена да го отфрли своето противење на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.

-Политичката криза ја покажа катастрфалната состојба на нашето општество – вели Заев

Западните земји недвосмислено го поддржуваат. Еден западен дипломат, кој инсистираше да остане анонимен, го нарекува „најдобрата шанса што оваа земја некогаш ја имала“.

Целиот текст на „Политико“ на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e