„Зајакнување на млади лица со попреченост, преку обуки и поддршка на ИТ вештини“

Фондацијата iVote распиша повик за учесници во проектот „Зајакнување на млади лица со попреченост преку обуки и поддршка на ИТ вештини“, финансиран од УСАИД. Повикот трае до 31-ви јануари.

 

Учеството во проектот опфаќа следење на онлајн обуки од областите: „меки“ вештини, како и обуки за стекнување на бизнис и ИТ-вештини, дел од учесниците ќе добијат можност за обука во компанија, дел од учесниците ќе бидат поддржани да добијат работа.

Работни јазици на обуките ќе бидат македонски и албански, за обуките кои се од областа на „меки“ вештини и бизнис-вештини и англиски јазик за обуките од областа на ИТ-вештини.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнат следните услови:
– Возраст од 15 до 35 години
– Завршено најмалку средно образование (редовно или посебно училиште). Лица кои се ученици во средно училиште можат да се пријават на повикот.
– Основни познавања на англиски или друг странски јазик
– Основни компјутерски вештини
– Интерес за развој на ИТ вештини

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e