Захариева: Никој не ја негира историјата на Македонија, ниту на Бугарија

Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик согласно Уставот на Република Македонија, изјави шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиерка, Екатерина Захариева, додавајќи дека не гледа ништо спорно со признавањето на македонскиот јазик.

Таа во интервјуто за бугарската национална телевизија БТВ вели дека посетата на високо ниво на премиерот Зоран Заев и на македонските министри претставува затоплување на односите со Бугарија, притоа потсетувајќи дека последната на македонски премиер на Софија била во 2013 година и дека таа траела само 50 минути.

Захариева исто така истакна дека Бугарија е тука да и помогне на Македонија, секогаш кога ќе се побара помош.

– Пораката на двата премиери беше многу јасна. Бугарија ќе помага кога ќе биде побарано. За јазикот не гледам каков проблем има тука? Ние сме ја признале македонската држава и нејзиниот Устав“ – вели Захариева, додавајќи дека никој не ја негира историјата на Македонија, ниту на Бугарија.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e