Заев: Стандардот да го зајакнеме, социјалдемократските вредности доближуваат до Европа

„Европа ќе биде помотивирана за регионот ако стандардот на нашите држави зајакне и ако види дека работиме да се доближиме до земјите членки на ЕУ“, оцени претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој во Сараево се обрати на Панелот „Економијата во регионот од перспектива на лево-ориентирани партии и можноста за заеднички активности“, во рамки на регионалниот самит на ПЕС.

Тој ги сподели искуствата кон што се фокусираше СДСМ како партија, што стана потоа и дел од владината програма, а тоа е покачување на мининалната плата, низа на мерки за поддршка на домашните и странските инвеститори со цел отворање нови работни места и покачување на платите на вработените и работниците.

„Квалитетна и мотивирана работна сила, враќање на партите кон граѓаните, укинување на измислени давачки и такси со цел да ги олабавиме домашните буџети, повеќе пари за ранливите категории граѓани, солидарност, фер такси наспроти еднаквото оданочување кое што овозможи богатење на мала група луѓе на сметка на 80 проценти од осиромашените граѓаните. Овие вредности се социјалдемократски, веруваме во нив, ги спроведуваме, рече претседателот на СДСМ, Заев.

Тој додаде дека граѓаните од невладиниот сектор, неопределените, масовно застанаа зад социјалдемократските вредности, затоа што препознаа искрени политики за подобрување на квалитетот на живот, наспроти пропагандата на радикалната десница во Македонија и оцени дека социјалдемократијата е потреба секаде во регионот и во Европа.

„Потребно е директно спротивставување на овие два концепта, едниот кој зад квазипатриотизмот којшто богати поединци и социлајдемократскиот којшто овозможува живот за сите граѓани во општество еднакво за сите“, оцени претседателот Заев.

„Дојдено е времето на социјалдемокртијата, низ политики на заедништво може да се мотивира мнозинството граѓани, да ја поддржат оваа потребна опција за државите“ додаде претседателот Заев.

Тој го пренесе искуството на СДСМ којашто се отвори за сите граѓани, независно од етнички или какви било други различности и доби поддршка од граѓанскиот сектор поради определбата да работи заедно со граѓанската и експертсаката јавност, без поделби на граѓаните, на подигнувањето на животниот стандард, враќање на парите кон граѓаните, социјална правда и правна држава.

„Ја отворивме партијата за сите. Заедништвото, тоа е иднината на Македонија и на регионот“ порача меѓу другото претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Панелот „Економијата во регионот од перспектива на лево-ориентирани партии и можноста за заеднички активности“, во рамки на регионалниот самит на ПЕС, во Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e