Заев од трибините навиваше за Македонија и ги бодреше нашите млади фудбалери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со дел од неговите соработници и илјадниците присутни на арената “Филип Втори” ги бодреа нашите млади фудбалери кои остварија победа од 2:0 над репрезентацијата на Северна Ирска.

Оваа победа беше многу значајна бидејки нашата млада репрезентација (до 21 година) ги зачува шансите за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Моменталниот распоред на табелата покажува дека Македонија е прва во групата со 19 бодови, пред Франција со 17, Исланд 15 кој е со натпревар помалку, а по нив следуваат Украина 10, Шкотска 8 и Северна Ирска 1 бод.

Последниот натпревар нашите млади фудбалери го играат на 8 октомври во Скопје со репрезентацијата на Шкотска.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e