Заев и Николовски на закројување на лозја во Тиквешијата

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопaнство Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозјата во Кавадарци и Неготино. Планирано е премиерот Заев да оствари средби со земјоделците од овој крај и да се сретне со градоначалниците на Кавадарци и Неготино.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ