Заев и Николовски на средба со Британската компанија „Егзагеника Рисрч“

Претседателот на Владата на Република Мaкедонија, Зоран Заев денеска прими претставници од британската истражувачка компанија „Егзагеника Рисрч“.

На средбата, покрај премиерот Заев, присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и дел од советниците на претседателот на владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Гостите од Велика Британија, предводени од основачот на компанијата Рис Воткинс, на премиерот Заев му ја презентираа технологијата „Хидра“, која овозможува пренос на големи количества вода од една до друга земја.

Од „Егзагеника Рисрч“ изразија интерес да спроведат истражување за потенцијалите на водните ресурси во Македонија и за можностите за нивно комерцијално користење.

Претседателот на Владата на РМ Заев, рече дека ваквите иницијативи се добредојдени и дека секоја иновација која на земјата ќе ѝ донесе нови работни места е прифатлива.

Премиерот Заев потенцираше дека Владата е отворена за нови идеи, и дека сака да ги применува искуствата од добрите примери.

Sredba_Zaev_EgzagenikaResearch_2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e