Заев на средбата со Бабиќ: Ќе избереме нов собраниски претседател, ќе има и нова Влада!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнето се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

На состанокот се разговараше за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија.

-Очекуваме во понеделник да се избере новиот претседател на Собранието кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за состав на новата реформска Влада, сооопшти Заев.

На средбата се разговараше за очекувањата на домашната јавност, граѓаните и бизнис секторот за стабилизација и развој на Македонија.

-Европската унија и НАТО ги поддржуваат демократските процеси во Македонија и отвораат врати за овие стратешки перспективи на земјата. Имаме демократски обезбедено парламентарно мнозинство од 67 пратеници и Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, посветена на потребите на граѓаните. Не смее никој да ги блокира институциите за лични цели и затскривање од одговорност за направени криминални дела. Знаеме дека имаме работа со неразумно и исплашено раководство на ВМРО-ДПМНЕ коешто е подготвено да ги жртвува интересите на граѓаните и државата и затоа внимателно ги движиме процесите. Но граѓаните избраа промени и тие ќе се случат, рече Заев.

На состанокот се разговараше и за продлабочување на економската и културната соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во блиска иднина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e