Заев: Ќе обезбeдиме поголеми приходи и примања од тутунот, секој да придонесе во доменот на можностите!

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Прилеп, 12.10.2017

 

Ајде овде од Прилеп да го распламтиме огнот на слободата, по сите села и градови, ширум цела Македонија.
Прилеп сака промени, затоа Прилеп се прилепува на слободата, Прилеп се прилепува на животот за Прилеп за животот во Македонија на сите.

Ви тврдам во нашата Македонија има пари, имаме чесен народ, си ги плаќа давачките, само треба чесни политичари и на централно и на локално ниво. Само со чесни политичари, ќе оди Македонија напред, ќе оди Прилеп напред.

И сите заедно, мораме да ја сработиме работата, секој во доменот на своите можности. Дванаесет години водев општина, знам колку се важни општините за граѓаните, премногу се важни. Амбиентот во владата е да продолжиме со децентрализацијата, да ги пуштиме капиталните трошоци и инвестиции на локално ниво, да го генерираме регионалниот развој, да стигнеме до крајот на мандатот до еден процент од БДП. Тоа се приближно сто милиони евра, годишно за рамномерен регионален развој. Имаме намера социјалната заштита да се води грижа на локално ниво, здравствените домови да ги симнеме на локално ниво, да ја јакнеме општината.

Од тутунот ни живеат огромен број на семејства во Македонија, а посебно овде во Прилеп. Во идната 2018 година, ќе го донесеме новиот закон за тутун. Конечно, ќе има вкупно три класи за тутун. Првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари, втората класа со 70 денари, третата со 60 денари.

Зошто ќе биде тоа така?
За да ги мотивираме и поттикнеме тутунопроизводителите да вадат поголем квалитет. Вадејќи поголем квалитет, ќе имаат поголеми приходи и примања од тутунот. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, истовремено во сите други земјоделски култури се што ќе значи зголемување, поголемо од десет посто, ќе ги добие субвенциите, ќе ги добие субвенциите за тоа што е зголемено десет посто и десет посто награда ќе добие.

Само да растеме во обем и во квалитет во земјоделското производство.
Да гласаме за бројот 19! Да гласаме за доктор Илија Јовановски, да гласаме за Миле и оваа прекрасна советничка листа, да гласаме за живот во Прилеп за сите, да гласаме за живот во Македонија за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e