Заев го охрабри интересот на HUAWEI за интензивирање на нивните инвестициски и иновативни стратегии во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денес прими во посета претставници на информатичката и телекомуникациска компанија HUAWEI од Кина.

Претставниците на компанијата честитајќи му го изборот за Претседател на владата, изразија отворен интерес за интензивна соработка во сферата на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Република Македонија.

Тие го запознаа премиерот со потенцијалите на компанијата, како на глобално така и на локално ниво, и ја потенцираа подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во земјава, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.

– Ние имаме голем интерес и желба да го модернизираме нашето општество, за што постои голема мотивација во целата влада. Ова може да биде одлична прилика да го отпочнеме тој процес на едно повисоко рамниште – истакна премиерот Заев на средбата.

Премиерот во оваа прилика ги поздрави нивните намери и елан за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабри таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата на Република Македонија, но и со локалните самоуправи во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e