Заев и денеска остварува повеќе средби со премиери и министри во Њујорк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамките на активностите на Генералното собрание на Обединетите на Нации во Њујорк, денеска ќе има билатерална средба со премиерот на Беглија Чарлс Мишел.

Премиерот Заев ќе присуствува и на приемот по повод кандидатурата на Германија во Советот за безбедност на ОН, за периодот 2019-2020 година, што, во име на канцеларката Меркел, го приредува заменик канцеларот и министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Сигмар Габриел.

Во текот на денот предвидени се и други средби и разговори со влијателни гости на Генералното собрание на ОН, како и со американски политичари и тинк-тенк експерти од сферата на надворешните политики и меѓународните односи на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e