ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира седницата за одземањето на имунитетот на пратениците

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира и нема да присуствува на седницата во Собрание на чиј дневен ред е симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради притвор за насилните настани на 27 април во парламентот.

За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство односно 61 глас. Заседанието на парламентот за одземање на имунитетот, собранискиот спикерот го закажа откако вчера комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања со поединечно гласање одлучи да им го симне имунитетот на шестмината пратеници.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e