Влада: Изјавите на Наумовски се негов личен став

По изјавата на претставникот од Македонија, Васко Наумовски, дека на вчерашните преговори биле презентирани идеи кои се „далеку од достоинствено решение“, извори од Владата велат дека не го делат мислењето на македонскиот преговарач.

-Тоа е негов личен став. Без компромис од двете страни нема решение – велат од Владата за „Фокус“.

Од таму упатуваат на вчерашното соопштение по рундата преговори со медијаторот, Метју Нимиц. Во соопштението стои дека исходот од преговорите ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни.

„По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“, соопштија од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e