(ВИДЕО) Зијадин Села бара министрите во владата да зборуваат на албански

Претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села еден ден по средбата на работните група на ДУИ и на Алијансата, не прецизирајќи што содржи документот на СДСМ, рече дека за него е прифатливо единствено ако во одредени државни институции, како на пример на министрите во Владата да им се овозможи да зборуваат на албански, но и материјалите од седниците да бидат преведувани. Тој додаде дека тие го разгледуваат предлогот на СДСМ, но нема да чекаат законските решенија со кои се дефинираат правата на Албанците да ги предложат македонските партии.

“Уставот многу јасно во петтиот амандман, став два вели: јазикот кој го зборуваат 20% од населението исто така е службен јазик. И писмото исто така е службено. Ако во Собранието се дозволува зборувањето на албански, а нема превод на материјалите, тогаш тоа е прекршување на Уставот. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат“. – изјави Зијадин Села, претседател на ДР-ДПА

Села вели дека идеално решение би биле уставни измени каде албанскиот јазик ќе биде дефиниран конкретно како службен јазик, а не како јазик кој го зборуваат 20% од населението. Од СДСМ се надеваат дека со документот испратен до ДУИ во кои се содржани предлози за решавање на неколку од барањата на Албанците, на нивниот лидер ќе му ги обезбедат потребните потписи за добивање на мандат за формирање нова влада.

Зијадин Села изрази подготвеност да му ги даде безусловно потписите на СДСМ потписите, а дури потоа, откако Заев го добие мандатот, да се преговара за условите за формирање на новата влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e